Државни натпревари

  • XXXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 19 – 20.03.2022
    Информации за организацијата на државен натпревар 2022 Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика и годинава се одржи без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи во живо и сите останати пропратни активности. Со цел да бидат повикани повеќе ученици да учествуваат на натпреварот, а да се запазат ковид мерките за негрупирање, учениците се натпреварува на 3 локации и тоа: 1. Кавадарци, Гимназија „Добри Даскалов“ 2. Скопје, „Семос едукација“ 3. Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Натпреварот траеше 165 минути, а целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвиваше електронски, како што беше и за […]
  • XXXII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 20 – 21.05.2021
    Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика се одржа без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи и сите останати пропратни активности. Се очекуваше учениците од основно образование да дојдат пред влезот на просториите на Семос едукација во Скопје, а учениците од средно образование пред влезот на просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 11:40 часот. Заради запазување на протоколите, влегувањето во зградата на факултетот и во просторот на Семос едукација беше дозволен само после измерена температура на секој од учесниците и менторите. По мерењето на температурата, учениците требаше директно да се упатат во просторијата за […]
  • XXXI ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 20 – 22.03.2020
    Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето. Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН. […]
  • XXX ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 23.03.2019
    Агенда на Државниот натпревар 2019 Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2019 Конечни резултати од Државниот натпревар 2019
  • XXIX ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 24.03.2018
    Агенда на Државниот натпревар 2018 Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2018 Конечни резултати од Државниот натпревар 2018
  • XXVIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 1.04.2017
    Агенда на Државниот натпревар 2017 Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2017 Конечни резултати од Државниот натпревар 2017
  • XXVII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 25-27.03.2016
    Конечни резултати од Државниот натпревар 2016 Агенда на Државниот натпревар 2016 Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2016
  • XXVI ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 28.03.2015
    XXVI Државен натпревар по информатика се одржа на 28.03.2015, во просториите на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство. Конечни резултати од Државниот натпревар 2015 Агенда на Државниот натпревар 2015 Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2015 Соопштение за Државниот натпревар 2015 доставено до менторите на е-адреса
  • XXIV ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 30-31.03.2013
    Државниот натпревар се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Технолошко-металуршкиот факултет, и во просториите на „Семос едукација“ во Скопје. Учествуваа вкупно 113 натпреварувачи, од кои 23 во напредна група, 70 во основна група и 20 во почетничка група. Спонзори на натпреварот беа ФИНКИ, „Семос едукација“ и ИНФОСОФТ. Агенда на Државен натпревар 2013 Конечна листа на поканети учесници на државен натпревар 2013 Конечни резултати од Државен натпревар 2013
  • XXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 27 – 29.04.2012
    Натпреварот се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Природно-математички факултет и во „Семос Едукација“ во Скопје. Учествуваа вкупно 96 натпреварувачи, од кои 16 во напредна група, 48 во основна група и 32 во почетничка група. Спонзори на наградите беа Стопанска Банка, Алкалоид и Ројал Хаус. Поканети учесници на државен натпревар 2012 Агенда на Државен натпревар 2012 Конечни резултати од Државен натпревар 2012
  • XXII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР, 13-14.05 (ЗА ПОЧЕТНИЧКА ГРУПА И ОЛИМПИСКА ГРУПА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ)
    НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА: „Семос Eдукација“ – Скопје ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци   Агенда за државен натпревар 2011 – почетничка група УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ПОКАНЕТИТЕ УЧЕСНИЦИ: Натпреварувачите мора да бидат пријавени на natprevarATgmail.com од страна на нивниот ментор или професор – претставник на училиштето во кое што учат најдоцна до 10.05 дo 18:00 часот. Листата на пријавени учесници ќе биде објавена и конечна. Во пријавата треба да се дадени точното име и презиме на натпреварувачот, година во која учи, училиште, град, група и корисничко име. Менторите кои ќе достават пријави за учесници на […]
  • XXII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР, 02-03.04 (ЗА ОСНОВНА И НАПРЕДНА ГРУПА)
    НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА: Институт за Информатика, Природно-математички факултет, Скопје Агенда на државниот натпревар 2011 – основна и напредна група УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ПОКАНЕТИТЕ УЧЕСНИЦИ: Натпреварувачите мора да бидат пријавени на natprevarATgmail.com од страна на нивниот ментор или професор – претставник на училиштето во кое што учат најдоцна до 30.03 дo 14:00 часот. Листата на пријавени учесници ќе биде објавена и конечна. Во пријавата треба да се дадени точното име и презиме на натпреварувачот, година во која учи, училиште, град, група и коринсничко име. Менторите кои ќе достават пријави за учесници на Државниот натпревар […]
  • XXI ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР, 17 – 18.04.2010
    НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА: Институт за Информатика, Природно-математички факултет, Скопје   Агенда на државниот натпревар 2010 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ПОКАНЕТИТЕ УЧЕСНИЦИ: Натпреварувачите мора да бидат пријавени на natprevarATgmail.com од страна на нивниот ментор или професор – претставник на училиштето во кое што учат најдоцна до 30.03 дo 14:00 часот. Листата на пријавени учесници ќе биде објавена и конечна. Во пријавата треба да се дадени точното име и презиме на натпреварувачот, година во која учи, училиште, град, група и коринсничко име. Менторите кои ќе достават пријави за учесници на Државниот натпревар ќе добијат повратна покана […]
  • XX ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР, 25 – 26.04.2009
    НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА: Институт за Информатика, Природно-математички факултет, Скопје   Поканети учесници на државен натпревар 2009 Агенда на државниот натпревар 2009 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ПОКАНЕТИТЕ УЧЕСНИЦИ Натпреварувачите мора да бидат пријавени на natprevarATgmail.com од страна на нивниот ментор или професор – претставник на училиштето во кое што учат најдоцна до 07.04. Листата на пријавени учесници ќе биде објавена и конечна. Во пријавата треба да се дадени точното име и презиме на натпреварувачот, година во која учи, училиште, град, група и идентификатор. Натпреварувачите за да можат да учествуваат на натпреварот се должни до 22.04 […]