Зачленување

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

  • Член на Здружението може да биде секое физичко лице: стручњак од информатиката и сродни области, почитувач или изучувач на информатиката, информациските и комуникациските технологии, кое ги исполнило условите за членство.
  • Член на Здружението може да биде и друг стручњак кој доброволно ќе пристапи кон Здружението и кој ги исполнил условите за членство.
  • Членот во Здружението може да биде примен со статус придружен член, редовен член или почесен член.

ПОСТАПКА ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

  • Постапката за зачленување во Здружението започнува со искажување на интерес за членување во даден Сектор до Комисија за членување (во понатамошниот текст: КЧ), на начин утврден и јавно објавен  од страна на Извршниот одбор
  • Листата на лица кои искажале интерес за членство (кандидатите) се разгледува од КЧ, најмалку во два наврати годишно и се донесува одлука за доставување електронска покана до избраните лица. Одлуката за избор се донесува со мнозинство гласови на КЧ, за секој кандидат.
  • По добиената покана, кандидатот е должен да пополни електронска пристапница и да ја плати членарината во рок утврден од КЧ. Доколку се работи за малолетно лице постаро од 14 години, согласно со член 19 став 4 од Законот за здруженија и фондации, кандидатот поднесува и писмена изјава за согласност за зачленување потпишана од неговиот законски застапник во согласност со закон.
  • Доколку кандидатот во дадениот рок ги исполни условите од став 3 на овој член се стекнува со статус придружен член на Здружението во соодветниот Сектор.

ПОСТАПКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

  • Сите придружни и редовни членови на Здружението еднаш годишно добиваат известување по електронски пат од КЧ за обврската за уплата на членарина за тековната година.
  • Сите придружни членови кои навремено ќе ја исполнат обврската за уплата на членарина се здобиваат со право на статус редовни членови, кој го добиваат со одлука на КЧ.
  • Сите редовни членови кои навремено ќе ја исполнат обврската за уплата на членарина го задржуваат статусот редовни членови.
  • Сите придружни и редовни членови кои нема навремено да ја исполнат обврската за плаќање на членарината го губат здобиениот статус и може да отпочнат постапка за зачленување.

ПОЧЕСНИ ЧЛЕНОВИ

  • Почесен член може да биде лице кои со своето работење исклучително влијаело на промоцијата и афирмацијата на Здружението преку спроведувањето на неговите активности.
  • Почесен член се избира на седница на Собранието со мнозинство гласови, по предлог на Извршниот одбор.
  • Почесен член нема да биде овластен да врши функции во Здружението.
  • Почесните членови на Здружението немаат обврска, но имаат право да плаќаат членарина.

ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВО

      Членството престанува:

  • по лична желба на членот на Здружението со барање до КЧ;
  • со исклучување од членство заради неисполнување на обврските кон Здружението или нанесување штета на неговата работа и углед.

Одлука за престанување на членувањето донесува Извршниот одбор по предлог на КЧ.